Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Литургија во Јакимово - Виница (29.08.2007)

На ден 29. 08. 2007 година, кога Црквата го слави споменот на светиот пустиножител Јоаким Осоговски и празникот на Неракотворниот образ на Господ Исус Христос, Митрополитот брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, отслужи Света Архиерејска Литургија во црквата на свети Јоаким Осоговски во с. Јакимово – Виница.

Во својата беседа Митрополитот г. Иларион им го честита патрониот празник на сите кои го носат името на богопрославениот пустиножител, објаснувајќи им го животот и делото на свети Јаким Осоговски.

 

 

                  

 

 

                 

 

 

                 

 

известува: ѓакон Саше Ристов