Преображение на Господа Исуса Христа во Штип (19.08.2007)

На ден 19. 08. 2007 година кога Светата Православна Црква го прославува Преображението на Господа Исуса Христа, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот брегалнички г. Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во соборниот храм на св. Никола во Штип, во сослужение на архиерејските намесници од епархијата и парохиски свештеници од Штип. На Светата Литургија Митрополитот брегалнички г. Иларион пред многубројниот народ произнесе пригодна беседа за постот и Светата Тајна Причест и Христовото Преображение како утеха и надеж за вечен живот, по што го благослови новиот лозов плод. На Светата Литургија над илјада верници пристапија кон Светата Тајна Причест.




известува: ѓакон Саше Ристов