Архиерејска Божествена Литургија во Лесново (02.08.2007)

Денес, на празникот на светиот пророк Илија (Илинден), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Архиерејска Божествена Литургија во манастирот на свети Гаврил Лесновски во Лесново во сослужение со свештеномонасите од манастирот, а потоа присуствуваше на прославата по повод Илинден во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.
