Одбележан патрониот празник на градот Кочани и Виница (17.07.2007)

На 12. 07. 2007 година кога Православната Црква и градот Кочани го прославува празникот на на светите апостоли Петар и Павле – Петровден во црквата на светиот великомаченик Георгиј во Кочани, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, со повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужи Света Литургија на која богословот Кире Горгиев го произведе во чтец. По Светата Литургија и прекрасната беседа, во организација на Брегалничкта епархија и Центарот на култура “Бели Мугри” од Кочани, а по повод 40 години од автокефалноста на Македонската Православна Црква, Владиката Иларион присуствуваше на предавањето произнесено од професорот Јован Белчовски, професор на Богословскиот факултет “Св. Климент Охридски” во Скопје, на тема “Возобновување на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква”. После предавањето во истиот центар Митрополитот г. Иларион ја отвори изложбата на мозаичарско-икописната работилница “Св. Јован Крстител” на Павлина и Столе Илиеви од Кочани.



На 13. 07. 2007 година, кога се празнува соборот на дванаесетте апостоли, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот на свети архангел Михаил во Виница отслужи Архиерејска Божествена Литургија и произнесе пригодна беседа честитајќи им го патронот на Виничани.


известува: ѓакон Саше Ристов