Архиерејска Божествена Литургија во Скопје (07.07.2007)

На празникот на Рождеството на свети Јован Крстител и Претеча, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Архиерејска Божествена Литургија во црквата на свети Јован Крстите во Капиштец, Скопје, во сослужение со Митрополитот г. Горазд. На Светата Литургија во свештенички чин беше ракоположен Горан Трпчевски, секретар на Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” од Скопје.

