Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Прославен празникот на преподобен Наум Охридски Чудотворец во Лесновската обител (04.07.2007)

На 03.07.2007 година, кога Македонската Православна Црква го празнува преподобниот Наум Охридски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион со повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија отслужи Архиерејска Божествена Литургија.

 

                 

 

Во Лесновската обител има параклис посветен на преподобен Наум Охридски, но поради големиот број на верници, Божествената Литургија беше отслужена во манастирската црква на свети Архангел Михаил. Митрополитот Брегалнички г. Иларон одража и пригодана беседа за животот и делото на преподобен Наум Охридски и за големите чуда кои се случуваат на гробот на преподобен Наум, бидејќи Митрополитот г. Иларон беше замонашен и живееше во манастирот на преподобен Наум во Охрид. Митрополитот Брегалнички г. Иларион од името на монаштвото и свештенството при Брегалничката епархија и од свое лично име им го честита именденот на што го носат името на овој голем чудотворец.

Голем број верници кои живееат според каноните и правилата на светата православна Црква пристапија кон светиот Путир.

 

                  

 

По Божествената Литургија Митрополитот г. Иларион ја освети водата и го благослови и пресече славскиот колач.

После духовната храна и прекрасната беседа, присутниот народ заедно со свештенството и духовниот отец Митрополитот Брегалнички г. Иларион, пристапи кон трпезата на љубовта припремена од браќата на Лесновската обител. 

 

                  

 

                                                                                                                                      известува: ѓакон Саше Ристов