Скопје (19.06.2007)


На денот кога Светата Црква го слави споменот на свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски и светата маченичка Еликонида, во соборниот храм на свети Климент Охридски во Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Архиерејска Божествена Литургија.
„Божествената Литургија не е символ, туку чин (дело) на Црквата Христова, низ кој таа потполно ја остварува и развива својата природа. Литургијата е сеопфатна Тајна на спасението, Света Тајна на единството, љубовта, осветувањето, жртвопринесувањето, обожувањето. Сето тоа, нас како христијани нѐ прави живи.“ (протопрезвитер Алексанадар Шмеман)

извор: Преминпортал