Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Монашење (26.11.2005)

Во предвечерието на празникот на Светиот Григориј Палама, Митрополитот Струмички г. Наум во црквата на Светите Григориј Палама и Старец Јосиф Спилеот во манастирот во Водоча ги замонаши Божјите чеда Јосиф и Григориј.

 

 

 

                     

 

 

 

                     

 

 

 

                   

 

 

 

 

Еден ден на Света Гора кога Григориј беше задлабочен во молитвата кон Бога, одненадеж пред него застана светлозрачен и благолик маж, Свети Јован Богослов, и умилно гледајќи кон него го праша:„Зошто ти, молејќи Му се на Бога, секојпат постојано повторуваш: просветлиј ја мојата темнина, просветли ја мојата темнина?“ Григориј одговори: „Што друго би барал освен тоа: да се просветам и да познаам како да ја творам Светата волја Негова?“ Тогаш Светиот Евангелист му рече: „По волјата на Владетелката на сите, Богородица, отсега јас ќе бидам со тебе неотстапно“.

(од житието на Св. Григориј Палама)