Архиерејска Божествена Литургија во с. Љубаништа, охридско
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во с. Љубаништа, охридско (08.10.2007)

На ден 07.10.2007 година, во неделата посветена на соборот на сите македонски светители, Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение со архимандрит Нектариј, свештеник Игор Никовски и ѓакон Димче Азески, отслужи света Литургија во црквата „Св. Никола“ во с. Љубаништа, охридско.

Повод за службата во селото Љубаништа беше и осветувањето на црковната сала, кое се изврши по завршувањето на светата Литургија. Црковната сала е започната со градба пред четири години, а за заслужните верници и стопанственици, кои помогнаа овој објект да се заврши, Владиката г. Тимотеј подели благодарници и пофалници.

 

 

                        

 

 

 

                                  

 

 

 

       

 

 

 

 

известува: о. Игор Никовски