Излезе од печат „Житие, песнено последование и молебен канон кон преподобниот и богоносен отец наш Јосиф Исихаст“
 
 
 
 
 

Излезе од печат „Житие, песнено последование и молебен канон кон преподобниот и богоносен отец наш Јосиф Исихаст“ (28.08.2018 14:48)

 

Ко на пустина жител, а и трезвен првоборец,

тајник созерцателен бидна,

Јосиф, отче преподобен.

Со бдение, со молитви и пост,

небесните ги прими дарови.

Затоа моли се ти за нас,

зашто со вера смело воскликнуваме:

слава на Тој што т’осветли со сјај,

слава на Тој што те овенча,

слава на Тој што низ тебе

и нам ни дава благодат.

(тропар на преподобен Јосиф Исихаст)

 

 

 

Деновиве, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица и чествувањето на светиот Старец Јосиф Исихаст, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум излезе од печат книгата „Житие, песнено последование и молебен канон кон преподобниот и богоносен отец наш Јосиф Исихаст“, во издание на Манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица.  

 

Книгата е издадена по повод шеесет години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, и е посветена на светиот Старец Јосиф Исихаст.

 

Во поновата издавачка дејност на богослужбени текстови на македонски литературен јазик, овој скромен труд е прво издание, каде што, како додаток, Песненото последование и Молебниот канон се нотирани со источно-православна (византиска) музичка нотација.

 

             

 

НА ХВАЛИТНИТЕ СТИХИРИ

Глас 4.

 

На безмолвие чуварот,* богомудриот Јосиф свет,*

песни славни, дојдете,* принесете му,*

стремејќи кон подражание* на подвиг и трудови,*

и пречесниот свет збор* да го следите одлучно,*

вечно жителство* и застапништво од него барајќи,*

како потпора да биде* низ сите плотски боренија.*

 

Отче Јосиф преподобне,* на небесата човеку,*

и на Утешителот* чисто ѕеркало,*

ти низ подвизите постана,* со тоа што пострада*

и низ многу тешка страст,* за да можеш, преподобне,*

отче свештени,* да им помагаш сега ти на сите*

и молејќи се со смелост* кон Оној Кој те обогати.*

 

Тајновидец на благодат,* боговидец те спознале,*

штом со медот од тебе* се нахраниле,*

и од подвизите млекото,* и одат по патот твој*

мачен, тесен и со скрб,* и те следат, преблажене;*

пат си водешт кон* живот вечен и зерцање на светлост,*

себлагомудра на Христа,* на Богочовекот, премудре.*

 

...

 

И сега: богородичен, истиот глас:

Тебе Те ублажуваме,* Богородице Дево,* и Те

прославуваме* ние, верните, како што треба,* градот

Ти неколеблив,* стена Ти неразрушива,* непрекидно

претстателство,* и прибежиште на душите наши.*