Излегоа од печат „Житијата на Светиите” за месец септември
 
 
 
 
 

Излегоа од печат „Житијата на Светиите” за месец септември (19.12.2017 17:59)

Неодамна, во издание на црквата „Св. Григориј Палама и Св. Димитриј Мироточив“ во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излезе од печат нов том во тврд повез од „Житијата на Светиите” за месец септември. Изданието го подготвија и уредија протопрезвитер Боро Милчев и протопрезвитера Богдина Милчева.

„Од сѐ срце се надеваме многу поголем број луѓе да се ползуваат од ова четиво. Да вкусат од неговите изобилни духовни плодови, да ги наситат своите души со таа добра храна, да се поткрепат во доброто, да се утврдат во верата и надежта во Бога, и да се исполнат со духовна радост и утеха, откако ќе ги видат големите и чудесни дела Божји.

И откако во душата и срцето ќе станат подобни на животот и подвизите на Божјите угодници, да се удостојат на вечна радост и блаженство во Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, Бога, Кому Му доликува секоја слава, чест и поклонение, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.”

(извадок од воведот)