Никој не може да и' наштети на човековата душа, освен самиот тој. Искушенијата што Бог ги допушта, човекот го ставаат во искушение, така што тој самиот ја проверува својата духовна зрелост и бидува принуден да се смири. Потоа, Бог му дава благодат, откако смирено и радосно ги прима искушенијата, како лек за неговата душа и тој трпеливо Го слави Бога и Му благодари. Добро е што милостивиот Бог дозволува да бидеме искушани, бидејќи ќе имавме скриени страсти и бесмислени побарувања на Судниот ден. Но, и тоа да ни го прогледаше низ прсти, дури и такви какви што сме да нè примеше во Рајот, и таму ќе создававме проблеми. Затоа допушта, овде да нè стресат искушенијата, за да се очисти нашата душа со жалости и плач, та да бидеме принудени да го најдеме нашиот Спасител, т.е. да прибегнеме кон Бога.
(Старец Паисиј Светогорец)