Своеволен идентитетски подвиг
 
 
 
 
 

Своеволен идентитетски подвиг (28.03.2020 17:55)

Вистинското покајание се препознава во себежртвувањето на Христос. Себежртвувањето е  телесен и духовен, соборен подвиг. Силата и исполнувањето на себежртвувањето е Евхаристијата. Така, нема покајание, или аскеза, или подвиг, или себежртвување без Евхаристија; и обратно...

Ако сакаме и нешто свое вечно да сочуваме, исто така, го жртвуваме заради Господ Христос. Антиномично, нелогично, противречно, ама затоа аскетски верно... Христијанинот е и повикан сѐ свое да жртвува, само и само за да го сочува својот соборно-аскетски христијански идентитет.

Човекот, кој живее во покајание, не се плаши од ништо. Христијаните се похрабри од стравот. Знаеме дека стравот, со помош на логиката, е мајстор да измисли теолошко самооправдување за делата со кои човек се одрекува од Христос Богочовекот. А извор на стравот е млаката вера.

Не е проблем падот во грев, туку кога не се принудуваме на подвиг и кога не се гадиме од себеси поради отпаднатоста од Христос. Уште полошо е кога не ни знаеме дека сме отпаднати...

(дел од беседата на Митрополитот Струмички Наум)