Фестивал по источно црковно пеење во Струмица
 
 
 
 
 

Фестивал по источно црковно пеење во Струмица (19.10.2018 21:19)

На 12-13 октомври 2018 година, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, а во организација на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица и на Струмичката епархија, во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица, се одржа осмиот Фестивал по источно црковно пеење, збогатен со научен симпозиум на тема „Источното црковно пеење во Македонија“.

Во петок, 12 октомври, се одржа фестивалот на кој настапија градскиот женски хор „Менада“ од Тетово, под диригентската палка на Ивица Зориќ, и камерниот хор „Херувими“ од Скопје, под диригентство на Мирјана Павловска Шулајовска, како и домаќините, хорот при црквата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.

Според професорот д-р Јане Коџабашија, кој во рамките на симпозиумот го промовираше и својот труд на истата тема, враќањето на источното црковно пеење е многу важно, бидејќи се работи за наше културно наследство.