Излезе од печат книгата за деца „Венец на светоста“ од д-р Дмитриј Авдеев
 
 
 
 
 

Излезе од печат книгата за деца „Венец на светоста“ од д-р Дмитриј Авдеев (07.04.2018 11:35)

По повод празникот на Воскресението Христово, деновиве од печат излезе книгата за деца „Венец на светоста“ од д-р Дмитриј Авдеев, во издание на манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица.  

Книгата содржи десет кратки житија на светителите: свети Никола Чудотворец, свети Спиридон Чудотворец, свети великомаченик Димитриј Солунски, свети великомаченик Пантелејмон, свети маченик Трифун, преподобен Герасим Јордански, преподобен Серафим Саровски, светите седум Ефески момчиња, свети праведен Јован Руски и преподобна маченичка великата кнегина Елисавета.

Илустрациите за книгата ги изработија децата од училиштата во Струмица, под раководство на нивната наставничка, м-р Катерина Божинова, дипл. теолог и проф. спец. по религиско образование.

Промоцијата на книгата ќе се одржи на 14 април 2018 година, во 18 часот, во просториите на манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, и по тој повод ќе се организира изложба на која ќе бидат изложени сите цртежи од децата, кои поради ограниченоста на бројот на страници, не беа опфатени во книгата.

Голема благодарност до сите кои учествуваа во подготовката и издавањето на оваа полезна книга за деца.