Излегоа од печат „Житијата на Светиите“ за месец август
 
 
 
 
 

Излегоа од печат „Житијата на Светиите“ за месец август (03.02.2017 23:55)

Во издание на црквата посветена на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во  Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излезе од печат нов том од „Житијата на Светиите“ за месец август во тврд повез. Изданието го подготвија и уредија протопрезвитер Боро Милчев и протопрезвитера Богдина Милчева.

„Од сѐ срце се надеваме многу поголем број луѓе да се ползуваат од ова четиво. Да вкусат од неговите изобилни духовни плодови, да ги наситат своите души со таа добра храна, да се поткрепат во доброто, да се утврдат во верата и надежта во Бога, и да се исполнат со духовна радост и утеха, откако ќе ги видат големите и чудесни дела Божји.

И откако во душата и срцето ќе станат подобни на животот и подвизите на Божјите угодници, да се удостојат на вечна радост и блаженство во Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, Бога, Кому Му доликува секоја слава, чест и поклонение, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.“

(извадок од воведот)