Фестивал по источно црковно пеење во Струмица
 
 
 
 
 

Фестивал по источно црковно пеење во Струмица (19.06.2016 17:35)

Вчера, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, a во соработка со НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, во манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица се одржа шестиот Фестивал на источно црковно пеење, на кој настапија: женскиот хор „Менада“ од Тетово, женскиот хор „Света Макрина“ од Битола, машкиот хор „Свети Ахил Преспански“ од Ресен, машкиот хор „Свети Роман Слаткопевец“ и женскиот хор „Свети Теофил Струмички“ од Струмица.