Божествена Литургија во црквата на свети Димитриј во с. Собри
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во црквата на свети Димитриј во с. Собри (01.11.2015 20:01)

Во новоосветената црква на свети великомаченик Димитриј во с. Собри, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија, на која присуствуваа голем број жители од селото и околината, меѓу кои и претседателот на Комисијата за верски заедници и религиозни групи г-ѓа Валентина Божиновска и градоначалникот на Општина Валандово г. Николче Чурлиновски. По Литургијата беше одржана промоција на книгата „Собри низ вековите“ од Костадин Кајдамов, и беа доделени благодарници.