Архиерејска Божествена Литургија на Плаошник
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија на Плаошник (09.08.2015 23:47)

Во неделата, на 9 август 2015 година, на празникот на свети Климент Охридски и свети великомаченик Пантелејмон, во манастирот посветен на овие Светители на Плаошник во Охрид, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Неговото Високопреосветенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение со Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Европски г. Пимен. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Пимен се обрати кон верниот народ со пригодно слово. На Литургијата присуствуваше и претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов со семејството. За огромниот монашки придонес во возобновувањето на манастирите во Дебарско-кичевската епрахија, Митрополитот г. Тимотеј додели три нови ордени на Св. Наум Охридски од прв ред на: архимандритот Нектариј, архимандритот Партениј и монахот Бенедикт.

Извор: Дебарско-кичевска епархија