Божествена Литургија во Водоча
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Водоча (19.07.2015 16:01)

Внатрешно, есхатолошко, новозаветно и царско свештенство

 

Деца, чувајте го, држете се и негувајте го она што останува вечно, а мудро и за спасение на сите користете го тоа што е времено.

Вечен е дарот Божји што од Светото Крштение го имаме, а тоа е царското и есхатолошко свештенство. А времени се свештеничките чинови, кои преку Апостолското преемство ги добиваме за мудро и спасително устројство на Црквата во овој свет и век.

Најкорисно и најспасително во Црквата е кога и двете свештенства ќе се соединат во едно, во личноста на црковниот пастир.

Митрополит Струмички Наум

(според записот на сестрите)