Пролог: Светата маченичка Фелицита и нејзините седум синови
 
 
 
 
 

Светата маченичка Фелицита и нејзините седум синови     07/02/2010

Како христијанка во времето на царот Антонин беше осудена на смрт заедно со нејзините седум синови. Му се молеше на Бога само да не ја погубат пред нејзините синови, за да може да ги храбри во маките и страдањата за да не се одречат од Христа. Бог така и устрои. Оваа ненадмината мајка со радост ги испраќаше синовите еден по друг додека сите не ги виде погубени. Тогаш и таа, благодарејќи Му на Бога, прими маченичка смрт. Сите пострадаа во Рим, каде што им се наоѓаат и моштите.