Послание на светиот апостол Павле до Филипјаните
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Филипјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

3:20-21;4:1-3

20. А нашето живеалиште е на небесата, од каде што Го очекуваме и Спасителот, нашиот Господ Исус Христос,
21. Кој ќе го преобрази нашето понизено тело така, што тоа ќе стане подобно на Неговото славно тело, со силата, преку која што Он може и да потчинува под Себе сe.
1. И така, браќа мои возљубени и многу пожелани, радост моја и венец, стојте тврдо во Господа, возљубени!
2. Ја молам Еводија, ја молам и Синтихија да бидат едномислени во Господа;
3. а те молам и тебе, искрени сотрудниче, помагај им ним, кои што се грижеа во Благовестието заедно со мене и со Климента и со другите мои сотрудници, чии имиња се во книгата на животот.