13:25-32
25. | А кога Јован ја завршуваше својата работа, велеше: »За кого ме сметате? Јас не сум Он, но, ете, по мене иде Оној, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни обувките на Неговите нозе.« |
26. | Вам, мажи, браќа, синови од родот на Авраама, и на оние меѓу вас, што се бојат од Бога, испратено е словото на ова спасение. |
27. | Оти жителите ерусалимски и нивните началници, откако не Го познаа Оној, и пророчките зборови, што се читаат секоја сабота, и откако Го осудија, го потврдија тоа: |
28. | »И не наоѓајќи никаква вина за осуда на смрт, побараа од Пилата да Го убие.« |
29. | А кога го извршија сето тоа, што беше напишано за Него, Го симнаа од дрвото и Го положија в гроб. |
30. | Но Бог Го воскресна од мртвите, |
31. | и преку многу дни Он им се јавуваше на оние, што со Него дојдоа од Галилеја во Ерусалим и кои се сега сведоци Негови пред народот. |
32. | И ние сега ви соопштуваме дека ветувањето, дадено на нашите татковци, Бог го исполни на нас, чедата нивни, откако Го воскресна Исуса. |