26:1-5;26:11-20
1. | Агрипа му рече на Павла: „Ти се позволува да зборуваш за себе.” Тогаш Павле ја пружи раката и почна да зборува во своја заштита: |
2. | Радосен сум, царе Агрипа, дека денес пред тебе ќе се заштитувам од сe, во што ме обвинуваат Јудејците, |
3. | а најмногу, што ти ги познаваш јудејските обичаи и препирки; па затоа, те молам, да ме ислушаш милостиво. |
4. | Мојот живот од младини, што го поминав најнапред меѓу својот народ во Ерусалим, познат им е на сите Јудејци; |
5. | тие одамна ме знаат, – ако сакаат нека сведочат, – дека јас, како фарисеј, најстрого живеев по учењето на нашата вера; |
11. | и често ги мачев по сите синагоги и ги принудував да хулат на Исуса и, разјарен, без мерка ги гонев нив дури и до туѓите градови. |
12. | За таа цел одејќи во Дамаск, со власт и порака од првосвештениците, |
13. | посред бел ден, царе, на патот видов светлина, посилна од сончевата светлина, која ме огреа од небото мене и оние, што одеа со мене. |
14. | Сите паднавме на земја, и јас чув глас, што ми зборуваше на еврејски јазик: »Савле, Савле, зошто Ме гониш? Тешко е за тебе да се риташ против бодило.« |
15. | А јас реков: »Кој си Ти, Господи?« Он одговори: »Јас сум Исус, Кого Го гониш ти. |
16. | Но стани и исправи се на нозете свои; затоа и ти се јавив, да те направам служител и сведок на ова што го виде и што ќе ти откријам, |
17. | издвојувајќи те од овој народ и од незнабошците, при кои ќе те испратам сега, |
18. | за да им ги отвориш очите нивни, та да се обрнат од темнината во светлина и од власта на сатаната кон Бога, па преку верата во Мене да примат опростување на гревовите и наследство меѓу осветените.« |
19. | Затоа, царе Агрипа, јас не се воспротивив на небесното видение, |
20. | но најнапред на жителите во Дамаск и Ерусалим, а потоа по целата Јудејска земја и на незнабошците им проповедав да се покајат и да се обрнат кон Бога, вршејќи дела достојни за покајание. |