Свето евангелие според светиот апостол Матеј
 

 

Свето евангелие според светиот апостол Матеј

Календар, житија, пости
Почеток
 

17:1-9

1. А по шест дни ги зеде ги зеде Исус со Себе Петра, Јакова и брата му Јована, и ги изведе во висока гора сами;
2. и се пребрази пред нив; и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина.
3. И ете, им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него.
4. Тогаш Петар Му одговори на Исуса и рече: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме тука три сеници: една за Тебе, една за Мојсеја и една за Илија.”
5. Додека уште говореше тој, ете, ги засени светол облак; и се чу глас од облакот, кој велеше: „Овој е Мојот Возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него послушајте Го!”
6. И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија.
7. Но Исус, штом се приближи, се допре до нив и им рече: „Станете и не бојте се!”
8. А тие, кога ги подигнаа очите, не видоа некој друг освен Исуса.
9. А кога слегуваа од планината, Исус им заповеда и рече: „Никому не кажувајте што видовте, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите!”