Послание на светиот апостол Павле до Евреите
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Евреите

Календар, житија, пости
Почеток
 

9:1-7

1. Така и во првиот Завет имаше наредби за богослужение и земно светилиште;
2. оти скинијата беше направена вака: во првиот дел светилникот, трпезата и лебовото предложение; тој дел наречен „Свјатаја”
3. А зад втората завеса од скинијата беше делот, наречен „Свјатаја Свјатих”;
4. во неа се наоѓаше златната кадилница и од сите страни опкован со злато Ковчегот на заветот, во кој стоеја златниот сад со мана и расцутениот жезал на Арона, како и плочите на заветот,
5. а над него – херувими на славата што го осенуваа очистилиштето; за ова сега нема потреба да се зборува поопширно.
6. При ваков распоред, во првиот дел од скинијата секогаш влегуваа свештениците и извршуваа служба Божја;
7. а во вториот дел влегуваше по еднаш во годината првосвештеникот и тоа не без крв, што ја принесуваше како жртва за себеси за гревовите на народот, направени поради незнаење.